Заев: Знаеме кому ќе се заблагодариме во Владата

На разрешувањата треба веднаш да им следуваат и новите именувања. За мене е сосема логично некој што не може да испорача резултати да биде разрешен или сам да се повлече, вели премиерот.

2439

Јас сум среќен кога ќе се сетам каде бевме, а каде сме сега, до каде стигнавме. Бевме држава во изолација во која граѓаните живееа во страв, држава со политички тензии, а денес зборуваме за пријателства со соседите, за повисоки плати и за слобода. Слобода е, и критиката ја сфаќам како можност за корекција на власта. Следам внимателно и од каде доаѓаат тие критики. Доаѓаат од амбициите за позиции, но доаѓаат и од високите очекувања на граѓаните. Секогаш се трудам да ги земам предвид оние кои се конструктивни и аргументирани за да ги поправаме политиките и однесувањата, вели во интервју за МИА премиеорт Зоран Заев.

Запрашан дали како Влада лоцирале каде и што е нефункционално во системот, премиерот Заев објаснува дека лоцирале институции и систем што се блокирани, што се нефункционални како сервиси за граѓаните, заради постоечки законски решенија.

-Тоа се решава со промени во легислативата. Затоа влеговме во реформи. Тешки, но неопходни реформи. За да ги ослободиме институциите, за да профункционира системот како граѓански сервис.

За највената реконструкција и кадровско проветрување Заев вели дека има прилично јасна претстава какви решенија треба да бидат преземени.

– Ги правам последните консултации. На разрешувањата треба веднаш да им следуваат и новите именувања. За мене е сосема логично некој што не може да испорача резултати да биде разрешен или сам да се повлече – вели тој.

Прочитај повеќе:

Заев: На Мицкоски до сабајле можам да му држам лекција за економија

Заев: Кога ќе слушнете најавата за средба со Ципрас, знајте тука сме со достинствено решение

Прашан дали ова проветрување ќе важи и за најголемиот коалициски партнер зашто има многу забелешки што се упатуваат на таа адреса, затоа што, пред се, оттаму се очекуваа нови луѓе, премиерот во интервјуто излегува со ставот дека ДУИ понуди луѓе кои не беа во претходната власт, луѓе кои даваа надеж дека ќе се работи.

-Јас на луѓето во Владата не гледам како на луѓе од СДСМ, како луѓе кои дојдоа од експертската сфера, од граѓанскиот сектор или од било која друга партија. Гледам на нив како на луѓе кои треба да испорачаат резултати. Дополнителен критериум за мене е колку нивната работа влијае да се забележи разлика од политиките на претходната власт, дали работата на институцијата е променета на подобро. Граѓаните ја променија власта и логично е да очекуваат конкретни, видливи промени во институциите. Следува прашањето дали сме реализирале барем дел од ветувањата, од програмата што сами ја понудивме. Носителите на јавни функции мора да испорачаат резултати со кои се подобрува животот на граѓаните. Во тие рамки ќе се движат размислувањата и одлуките за промените што ќе следуваат – посочува тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...