Заев: Знаеме кои се „за“, референдумот ни треба да видиме кој е „против“

902

Ако е за декласификација, немаме намера, ако мораме, ќе го направиме тоа. Да бидеме посветени и да му дадеме шанса на народот да излезе и да се изјасни. Тоа е демократијата што ја посакувавме, вели премиерот Заев за 1ТВ.

Тој вели дека секаде во својата околина слуша поддршка за договорот со Грција и напредокот кон НАТО и ЕУ, но и дека референдумот ни е потребен затоа што не знаеме кој е „против“.

-ВМРО-ДПМНЕ излезе надвор од парламентот, а можеби и таму некој е „за“, воздржан или „против“, но нема да учествува. Треба да видиме кои се против – рече Заев.

Како што изјави, тоа што не може да го прифати како аргумент е дека Македонија ги изгубила идентитетот и јазикот.

-Се што е македонско и врзано со јазикот не само што постои во договорот, туку е признаено и прифатено од Грција, а името го допрецизиравме во Северна Македонија затоа што и тоа е факт – рече Заев и повтори дека е убеден оти граѓаните ќе бидат за иднина на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...