Заев зборот „педер“ го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност

Извинување за ЛГТБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега, порача Заев на Твитер.

1568

Премиерот Зоран Заев вели дека зборот „педер“ го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност, откако вечерва изјави дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт, како одговор на новинарско прашање дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13.

Во твитот на Заев, кој уследи по бурата реакции во јавноста на неговата претходна  изјава, тој вели:

„ЛГТБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГТБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега“, порача Заев на Твитер.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...