Учеството на извозот на стоки во БДП од 2012 година е зголемен за 50 проценти. Нашата држава е на добар пат, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
„Извозот на стоки во 2012 година учествувал во Бруто домашниот производ во Северна Македонија со 30,4 отсто, а во 2018 година е зголемен за 50 отсто и изнесувал 45,5 отсто, според извештајот на Светската трговска организација. Нашата држава е на добар пат!“, стои во објавата на Заев на Фејсбук.