Денешниот датум, 27 април е аларм кон што водат политиките на поделби и политиките на водење сметка само за лични интереси. На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. На овој ден, во домот на граѓаните ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата, изјави премиерот Зоран Заев денеска од Струмица.
– 27 април потсетува и на нашата обврска, да не дозволиме никогаш да се повтори газењето врз човековите права и слободи. 27 април потсетува на нашата одгворност крвта пролеана за да се запре злото, да ја замениме со граѓански глас кој повикува да одиме напред – рече Заев.
Тој додаде дека се ова времиња кога заедништвото и прогресот се единствената опција која и носи добро на нашата земја.
– Тоа треба да го потврдиме, со изразена силна граѓанска волја и свест дека нашиот единствен пат е напред.Овој народ секогаш носел исправни одлуки. Гласот на граѓаните е вистината. Тој глас е слушнат и е разбран.Сега е потребно секој да ја извади решителноста од себе и да постапи совесно, за доброто на своите деца и за добрата иднина на родната земја.
Но, додаде тој, мораме да сме свесни за значењето на секоја наша индивидуална одлука.
-Затоа што, предизвици секогаш има, а од нашата решителност и од исправноста на нашите одлуки зависи и сопствената иднина и иднината на нашите деца и иднината на државата рече Заев.