Заев за „Шверцерите“ во МНТ: Секој вандализам е за осуда, тоа не било баш културна манифестација

609

Премиерот Зоран Заев го осуди дивеењето на навивачката група „Шверцери“ во МНТ при одбележувањето на 30-годишниот јубилеј.

– Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Јас бев информиран дека учествувам во првиот дел од активностите, а тоа е одбележувањето на Денот на албанската азбука. Ми кажаа дека има и втор дел дека салата е ангажирана за две активности, вториот дел бил за млади луѓе. И веројатно била за млади луѓе, но одговорност за вандализам, за кршење на инвентарот за нешто што е државна сопственост никој нема право. Одговорните треба да понесат одговорност, да се надоместат штетите да се поправи инвентарот. Првиот дел беше културна манифестација, вториот дел испадна дека не било баш културна манифестација – вели Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...