Заев за Османи: Никој не е виновен додека не се докаже со правосилна пресуда

816

Мојот став отсекогаш бил ист и продолжува да биде ист. Никој не е виновен додека со правосилна пресуда тоа не му се докаже. Ова е само истрага. Ќе сакам да ги знам деталите, ќе го следам внимателно процесот и навремено ќе преземам мои активности ако нешто е поврзано со дигнитетот на Владата, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашавања во врска со новите истраги на СЈО во кои меѓу осомничените во случајот „Пациент“ се најде и вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи.

Дека отворената истрага на СЈО нема да му ја разниша фотелјата на Османи, Плусинфо пренесе уште вчера кога висок функционер го изјави токму тоа дека никој не е виновен до правосилност на пресуда.

Заев одговараше и за тоа дали е вистина дека случаите на СЈО се толкуваат како притисок врз пратениците.

– Македонија е во еден специфичен период и сето она што се случува може и вака и онака да се толкува. Знам дека системот мора паралелно да фукнционира и работи. Не сум информиран ниту ги знам деталите за истрагите. Прочитав само од медиумите дека тоа се случува, не гледам никаква поврзаност во тоа што се случува во Собранието, затоа дебатата е транспарентна, јавна, јавно ќе се носат одлуките насекаде и верувам дека секоја институција паралелно со политичките одлуки кои се носат во државата, си носат одлуки, системот функционира и работи – рече премиерот.

Инаку, двајцата денеска беа заедно на одбележувањето на 11 октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...