Заев за „крвавиот четврток“: Дојде време да кажеме „стоп“ на поделбите и еве шанса да си простиме ВИДЕО

1112

Премиерот Зоран Заев во неговото обраќање на собраниската седница за уставни измени образложувајќи го владиниот предлог уште еднаш ги повика пратениците да гласаат за иднината на нашата земја.

Тој истакна дека вистинскиот глас е оној што ќе нѐ однесе во евроатлантското семејство.

– Вие сте домот на демократијата и треба да направите вистински избор – им порача Заев на пратениците барајќи од нив да направат логичен и вистински избор наспроти изолација и поделби.

– Дојде време да им кажеме „стоп“ на поделбите, еве шанса да си простиме – рече Заев говорејќи за настаните од „крвавиот четврток“.

Тој испрати порака за, како што рече, „да си простиме и да се помириме“, додавајќи дека е спремен да ја понесе политичката одговорност за пружената рака на простување на настаните од 27 април лани.

Откако премиерот ги повика опозициските пратеници на помирување за збор се јави пратеникот Илија Димовски.

За збор на оваа седница вкупно се јавија 66 пратеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...