Заев за Зафировски: Нема да бидам истражен орган зошто некој има сметка дома или надвор од земјата

1085

Законот ми дал право да ангажирам советници и согласно трошоците што ги создава според самиот ангажман, нормално се определува и надоместокот, што исто така законот ми го дал како рамка. Немам намера да бидам истражен орган зошто некој има сметка дома или надвор од земјата, одговори премиерот Зоран Заев на обвинувањата од пратеникот Антонијо Милошоски искажани од говорницата на денешната собраниска седница на која се поставуваат пратенички прашања во врска со советникот на премиерот Љупчо Зафировски за односи со Франција.

Пратеникот Милошоски рече дека советникот Зафировски не живее во Париз, има постојано живеалиште во Скопје и не ја прима платата во Скопје.

– Целосно законот ми го дава тоа право и незнам зошто треба да се прави ваква драматургија. Некојпат не мора да биде универзитетски професор или експерт, човекот е  франкофон, зборува француски има свои конекции, кои, сум верувал дека во моментот на ангажманот може да бидат од помош заради тоа што амбиентот што го создавам околу мене како премиер, а тоа ми влијае на носењето на одлуки, мојата перцепција е дека такви луѓе кои допираат до луѓе околу раководството на Франција, како наш стратешки партнер и пријател, ќе има можност директно да доставуваат информации плус кои се од наша полза и да креираат позитивна атмосфера при процесот на одлучување за наштие интегративни процеси, но и унапредување на економската соработка меѓу нашите две земји – појаснуваше премиерот Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...