Должни сме кон државата Законот за Јавно обвинителство да се најде пред пратениците пред распуштањето на Собранието, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев.
– Јавните обвинители имаат право да конкурираат како сите, без некој некому да гарантира, за сите да важат подеднакви услови, тоа е нешто со кое ЕУ нема проблем и ние немам проблем. Но имаме проблем со прашањето политичари да именуваат обвинители, имаме проблем политичарите да ја одлучуваат иднината на предметите. Треба да го оставиме системот и со системски решенија да се бира државниот обвинител, обвинителот за организиран криминал и сите обвинители. Исто така, предметите сегашни, идни и минати мора да бидат осигурани. Самиот Закон предвидува осигурување на предметите, односно тие се веќе во судска процедура, и треба да имаме предвид дека за тоа треба да биде одлучувано независно, а не политичарите тајно да седнат и за тоа да одлучуваат – рече Заев.
Тој додаде дека решението треба да биде кристално чисто кое ќе гарантира владеење на правото.