Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче, денеска присуствуваше на настан на којшто се одбележуваше Денот на рударите и јубилејот 40 години постоење на рудникот Бучим и 15 години Бучим како дел од меѓународната компанија Солвеј, информираа од Владата.
Бучим цели 15 години е дел од меѓународната корпорација СОЛВЕЈ и вработува околу 700 луѓе со просечна нето плата од околу 550 евра и годишно произведува од 8 до 10.000 тони бакар и од 500 до 900 кг злато.
После долги години претрпени неправди од страна на рударите, излеговме во пресрет на нивните барања и ја намаливме старосната граница за пензионирање. Ако досега рударите се пензионираа со навршени 58 години, по ново се пензионираат на околу 50 години. Како резултат на оваа мерка до сега заминаа во пензија 51 рудар. Тоа секако значи отворање на нови работни места за младите рудари.
Тоа е фер бидејќи станува збор за една од најризичните професии по здравјето и животот на луѓето, нагласи Заев.