Сите граѓани се еднакви, а при вработувањата мора да се постави јасно не само законскиот, туку и етичкиот основ. Се корегираат слабостите по укажувањата од јавноста, а веќе е побарана помош од граѓански организации за поставување систем на вредности, оцени денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања за постапувањето на функционерите по неговиот повик за повлекување од работните позиции по реакците за јавноста за непотизам.
Според Заев, неговиот повик се однесува за сите функционери, а секој има и политичка и етичка одговорност за постапките.
– Повикот не го дадов како претседател на СДСМ, туку како премиер. Секој ќе си ја сноси својата одговорност на постапките, има и политичка и етичка одговорност – рече премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека нема да и каже на сестра муда даде отказ.
Ги поздравувам, потенцираше премиерот, позитивните примери на повлекување на одредени членови на семејството, но треба да направиме јасна граница.
– Да гледаме на граѓаните како на еднакви и рамноправни во нивното конкурирање. Се случуваат вакви работи, не можеме да ги ограничиме младите луѓе коишто членуваат во партии или не се членови. Еднакви се граѓаните. Но јавноста го доловува етичкиот основ. Мораме не само законот, туку и етичкиот дел јасно да го поставиме. Секако правиме и разлика, ги охрабрувам ваквите чекори и ќе креираме политики – рече Заев.
Веќе побаравме, дополни подддршка од граѓанските организации кои се стручни за оваа работа за да ни помогнат да изградиме систем на вредности.
– Верувам дека секое дете, секој млад човек, секој граѓанин мора да има еднакви права. Болно е прашањето кога гледаме дека двајца, тројца, четири луѓе членови на семејството, а некој чека, тоа не е фер, не е правично. Апелирам и работам, разговарам со луѓето одредени чекори сигурно ќе се преземат, веќе се преземаат со одредени фрункционери, од парламентарната и од извршната и од локалната власт за да можеме да се корегираме. Јас не сакам да бидеме исти како претходните наведе Заев.
Точно е дека има одредени и партиски припадности во вработувањата, посочува, но поголемиот дел се избираат на конкурс.
– Покрај тоа што сум премиер јас сум претседател на политичка партија која што е на власт. За жал, поради огромната миграција и напуштање работни места имаме дефицитарни кадри за многу струки. Овде бараме да најдеме вработен човек. Не можеме да најдеме луѓе. Ако зборуваме за член на семејство, лекар кој што го бараме специјалист дали треба да го повлече своето дете, или ако е архитект. Тоа го кажувам не за да избегнеме етичка одговорност, туку да направиме јасна дистинкција. За тоа што е претерно будното око и на медиумитеи и на јавнсота веднаш реагира и верувам дека ќе се корегираме сите почнувајќи од мене. Да гледаме на работите како на еднакви права на граѓаните, а притоа веднаш да стигне реакцијата за секоја забеганост и да се искорегираме. Граѓаните очекуваат државата да им обезбеди еднакви права на сите – изјави Заев.
Ако има образложенение за одредени работи, а народот тоа го сфаќа, како што вели, и тој не гледа проблем, но не и ако нема образложение, критериум, нормативи, транспарентност и конкурентност.
– Знам луѓе кои се членови на семејства на одредени функционери кои добиле петта шанса, првите четири им биле испуштени. Некои чекале и по 20 години. И чекаат денес. Без оглед на тоа од кој профил се треба да добијат шанса да работат еднакво, потенцираше премиерот.