Заев за А2 Албанија: ЕУ не ми даде можност да го започнам ветингот по доаѓање на власт

Според него, потребата од ветинг е наметната од однесувањето на некои судии и обвинители.

1012

Спроведувањето на ветингот  во судството е планирано уште од доаѓањето на власт, но не е започнато заради препораките од Европската Унија, вели премиерот Зоран Заев во интервју за А2 Си–Ен–Ен Албанија.

– Го ветив ова на изборите, не ветинг, туку она тоа што го сметам за признавање на правото на реизбор на судии и обвинители. Беше дел од програмата. Но, кога ја презедов функцијата, ЕУ не ми даде можност да го започнам процесот. Зошто? Затоа што можеби требаше да следат како тој одеше во Албанија, како ќе заврши таму. Тие ни кажаа дека немаме луѓе, нема како да ги пополниме работните места – вели Заев.

Според него, потребата од ветинг е наметната од однесувањето на некои судии и обвинители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...