Заев за АНА-МПА: Со Договорот од Преспа победници се граѓаните на двете земји

230

Граѓаните на нашата земја и на нашиот пријател Грција, може да бидат горди денес, тоа е генерацијата што стави крај на една епизода на неизвесен мир на Балканот, вели македонскиот премиер Зоран Заев на почетокот од изјавата за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Тој вели дека сите граѓани се победници, па дури и оние кои беа против договорот, му се заблагодарува на неговиот пријател Алексис Ципрас за гласањето во Парламентот, потенцира дека решиле спор што изгледал невозможен да се реши и порачува дека сега, двата народи имаат потврдено и длабоко пријателство, јави дописничката на МИА од Атина.

– Со прифаќањето и спроведувањето на Договорот од Преспа, победници се сите граѓани и од двете земји, но исто така и граѓаните од целиот регион. Победници се, исто така и оние кои беа против договорот, бидејќи и за нив исто така доаѓа нова ера на просперитет, мир и пријателство, како и за прогресивните граѓани од двете земји. Смелите граѓани одбраа да ги отфрлат сенките на минатото и на светот да му дадат нов Балкан на можности и на политичка стабилност, регион на блиски соседи и пријателство на економски развој и модел на интеграција – вели Заев за АНА-МПА.

Македонскиот премиер „со гордост и благодарност“,  му честита на неговиот пријател, Алексис Ципрас за гласањето во грчкиот Парламент, а неговата благодарност е и до сите оние смели пратеници и пратенички и во двете земји кои „со нивниот глас ставија крај на стравовите кои се претставуваа како несовладливи“.

– Решивме спор кој се претставуваше како невозможен да се реши. Јас и мојот пријател, премиерот Ципрас, лани летото стигнавме до договор. Заедно со нашите тимови предводени од министрите за надворешни работи, стигнавме до момент на разоткривање: секоја страна треба да даде нешто за да добие многу, многу повеќе за возврат. Од сега па натаму имаме потврдено и длабоко пријателство. Почнувајќи од денес, одиме напред со поголема сила за да ги обединиме граѓаните на двете земји, порачува премиерот – пренесе МИА.

Зоран Заев во ексклузивната изјава за грчката новинска агенција потенцира дека иднината ќе биде заеднички пат „со пријателски намери и вредности кои произлегуваат од нашето европско семејство“.

– Да живее нашето пријателство и нашата стратешка соработка – вели Заев на крајот од неговата изјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...