Заев заминува на Светскиот економски форум во Женева

80

Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе присуствува на состанокот на Светскиот економски форум во Женева на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан“.

Како што најави владината Прес-служба, на состанокот во Женева најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан и претставници од поширокиот регион, на претставници од Европската комисија, од други организации и од организаторот, Светскиот економски форум.

За вечерва е предвидена работна вечера, а утре ќе има работна сесија на учесниците на Светскиот економски форум.

На состаноците, како што стои во соопштението, се очекува да се разговара за политичката и економската клима во Европа, за предизвиците и можностите на политички и економски план, за развојот на Западен Балкан и фокусот кон позитивна агенда за иднината на регионот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...