Заев – Жбогар: 2019-та e клучна за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

79

Наредната 2019-та е посочена како клучна година за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија.

Оваа беше истакнато на денешната средба на претседателот на Владата Зоран Заев со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, на средбата е изразена поддршка за успешно заокружување на гласањето за уставните амандмани и реализација на Преспанскиот договор, како и за успешна реализација на реформскиот процес.

На средбата е констатирана и  важноста од конструктивност од сите страни и политички субјекти за потребните реформи и за Преспанскиот договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...