Заев: Жално е што Силјановска дозволила ВМРО-ДПМНЕ да ѝ ги пишува Фејсбук статусите

699

Навистина жално што Гордана Силјановска Давкова дозволила ВМРО-ДПМНЕ да ѝ ги пишува статусите на фејсбук. Професорката требало да се информира пред да ѝ дозволи на партијата да поставува прашања дали Владата поддржала барем 15 старт-апи и дали се отвориле барем 15 нови работни места.

Ова е одговорот на премиерот Зоран Заев на фејсбук на претседателската кандидатка Гордана Силјановска која претходно преку Фексбук го обвинби дека во сред кампања тој се фали дека 15 компании добиле лиценца за производство на марихуана.

– Бидејќи не прочитала, ќе ѝ повторам на Силјановска неколку факти презентирани и со видео порака за подобро да ги запамети:

Агенцијата за вработување во 2018 година поддржа 1191 бизниси отворени од наши граѓани кои ја искористиле мерката за самовработување. Од нив 509 се млади. Не 15, туку 509.

Во 2018 година се отвориле вкупно 26.600 нови работни места. Не 15.

424 млади земјоделци, не 15, добија поддршка да започнат сопствен бизнис, да инвестираат во производство или да набават механизација, преку грантови од по 10.000 евра.

А, фирмите коишто произведуваат медицински канабис, покрај тоа што помагаат на тешко болни лица, вработуваат и 300 граѓани низ целата држава, бројка која само ќе се зголемува.

Ја повикувам да погледне во смиреноста и спокојството кај само едно детенце кое се бори со епилепсија кога го прима лекот од масло од канабис. Да не зборувам за помошта кои овие лекарства ја даваат при справување со другите болести.

Се прашувам, што имаат Силјановска и Мицкоски против новите 26 илјади работни места во нашата земја, што имаат против инвестициите, против развојот на земјоделството и против растот на БДП? И конечно, што имаат против здравјето и против употребата на канабисот во медицински цели, напиша Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...