Заев е среќен што Пендаровски ќе се сретне со Макрон

387

Премиерот Зоран Заев ја поздравува најавената средба на претседателот Стево Пендаровски со неговиот француски колега Емаунел Макрон и смета дека таа може да биде само од помош и е можност уште еднаш да се разговара и да се претстават аргументите што се на нашата страна во процесот на проширување.

– Среќен сум што конечно наш висок претставник, а тоа е првиот човек на државата, претседателот Пендаровски ќе може да се види со првиот човек на пријателска Франција. Тоа за нас секако е можност уште еднаш да се разговара за сите аргументи на светот што постојат на наша страна, за претседателот Макрон уште еднаш да ги разгледа ситуациите во духот на паралелениот процес на нови методологии за  да се одвива самиот процес затоа што е важно и тоа не е важно само за Република Северна Македонија, само за Западен Балкан, важно е за Европа. Важно е навистина за целиот европски континент, за ЕУ е многу важно. Верувам дека ќе биде одлична можност да ги претставиме нашите ставови и нашите аргументи по ова прашање – изјави премиерот Заев одговорајќи на новинарско прашање по тркалезната маса во Собранието за промена на изборниот модел.

Тој изрази надеж дека во иднина ќе може да се сретне и тој со Макрон, посочувајќи дека „три-четири месеци барал средба“.

– Се надевам дека во иднина и јас ќе имам таа можност. Јас сум среќен што претседателот ќе се види и знаете дека некои три-четири месеци барав и јас средба, веројатно и претседателот Пендаровски барал средба со претседателот Макрон, но сум среќен што првиот претставник на нашата држава ќе оствари средба која може да биде само од помош – потенцира Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...