Заев е невин за „Поткуп“ ВИДЕО

1547

Обвинетиот Зоран Заев се ослободува од обвинение. Јавниот обвинител не докажа дека судот го сторил делото за кое се товари.

Ова е пресудата која ја соопшти судијата Дарко Тодоровски во случајот Поткуп.
Обвинителниот акт за овој предмет Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го поднесе на 28 мај 2015 година.

Заев во случајот беше обвинет дека како градоначалник барал околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевслиев за приватизација на градежно земјиште. Токму Николов беше и единствениот сведок во овој случај.

На претходното рочиште обвинителката Валентина Беслимовска направи измени во обвинението од примање поткуп во барање односно ветување дека ќе земе поткуп.
Заев во текот на целиот судски процес изјавуваше дека случајот е монтиран со цел да го спречат во објавувањето на политичките бомби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...