Премиерот Зоран Заев, на трибина во Битола најави дека земјава летово ќе добие датум за преговори.
– Се радуваа дека нема да добиеме датум за преговори. Е мало сутра што нема да добиеме, ќе добиеме преговори ова лето. Ќе има датум! Убавите вести доааѓаат за нашата земја. Ова лето имаме одлука за почеток на преговори, за нови фондови од ЕУ, одиме напред. Многу е важно да продолжиме напред. Ги отворивме сите прозорци и врати за нашата сигурна и стабилна иднина. Стабилност, сигурност, тоа значи напредок, повеќе пари, инвестиции. Нема друг пат освен овој – рече Заев.
Тој додаде дека напредокот е препознаен од демократските земји и пријатели од ЕУ и дека очекува ова лето нов исчекор на патот кон Унијата.