Премиерот Зоран Заев смета дека ако претседателските избори пропаднат, ќе бидат иницирани уставни измени со цел претседателот на државата да се избира во Собранието или да се укине цензусот. Заев сепак изрази уверување дека изборите ќе бидат успешни. Тој ова го изјави во емисијата „Патот кон“ на Алсат.
– Јас сум 99 отсто убеден дека изборите ќе бидат успешни. Особено тоа го гледам на крајот од првиот круг на кампањата. Конечно одлуките зависат од граѓаните, а не од политичарите и политичките партии. Дури и ако некој одлучи да бојкотира во вториот круг, граѓаните ќе излезат 40 отсто ќе постигнат цензус. Ова е мојот впечаток. Секако, Уставот предвидува веднаш да се оди на повторни изборите, не кажува за колкав период. Постои таа можнос, веднаш да се оди на избори,но верувам дека ќе успееме. Постојат две други опции, промена на Уставот. Една опција е да се укине цензусот, а втората опција е претседателот на државата да се избира во Собранието. Ова се опциите што ги имаме на располагање. Реков дека сум приврзаник претседателот да се избира во Собранието бидејќи слушам од граѓаните велат дајте направете го тоа. Секако тоа не можевме да го направиме пред овие избори. Но, за некои следни велам дека мојот став, не сум се консултирал во партијата, е дека треба да бидеме рационални во сѐ – изјави Заев.