Заев до Османи: Се знае кога се користи знаме на етничка заедница

806

После толку години зборување за Законот за употреба на знамиња, треба да го научиме, му порача премиерот Зоран Заев на Бујар Османи, вицепремиерот кој изјави дека албанското знаме може да се постави насекаде низ земјата, на што Заев му одговори дека Законот за знамиња прецизно предвидува во кои услови тоа може да се вее.

– Законите во нашата земја се јасни и прецизни и тие треба да се почитуваат, се знае кога се користи знаме на етничка заедница и во какви околности и со кои димензии, една третина наспроти две третини си има обележје како тоа се користи. Постојат закони, после толку години зборување за знамето, се научивме и треба да се научиме – рече премиерот Заев во врска со настанот во Охрид, од пред три дена, кога фолклорна група го развиори албанското знаме на Самоиловата тврдина, а судија на претходна постапка го казни со 1.100 евра и забрана за влез во државата 50 – годишниот Ѓерг Прекоцај, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...