Заев до опозицијата: Не тресете информации од ракав

640

На жестоките критики од опозицијата за предлогот Нина Ангеловска да биде министер за финансии, премиерот Зоран Заев порача да не прават драми и да не „тресат информации од ракав“, туку да го уважат капацитетот и успехот на Ангеловска.

Тој оцени и дека со острите коментари, ВМРО-ДПМНЕ всушност покажува дека се плаши од позитивните, според него, економски параметри кои се резултат на владините политики.

-Излезето од шаблонот на досегашното размислување, исклучиво партиски луѓе да се ставаат на функционерски позиции. Дајте им шанса на младите и успешните. Ќе ве убедам да го изгласате предлогот Ангеловска да биде министер за финансии зашто се работи за млад и исклучително успешен човек кој дополнително, сериозно ќе го засили владиниот капацитет, посебно во овој неповторлив, драгоцен период за земјата која очекува интегрирање во ЕУ и НАТО – истакна Заев.

За ВМРО-ДПМНЕ предлозите за новите министри се лапсус, лажен популизам и лоша хазардерска политика.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...