Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел на денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев изложил јасен план за натамошно делување во насока на деблокирање на процесот на проширување и обединување на сите држави членки на ЕУ.
Како што соопшти СДСМ, на средбата се разговараше за процесот на реформи, потребата од носење на Законот за јавно обвинителство, евроинтегративниот процес, како и за новата методологија за проширување на Унијата.
Заев од своја страна, пак, изјавил дека сите институции се силно мотивирани да продолжи европскиот курс на државата со цел заокружување на интеграцијата во ЕУ, што е цел на сите граѓани.
– Уверени сме дека заедно можеме да го задржиме вистинскиот курс на реформи, добрососедство и економски развој. Се надеваме дека сите политички фактори ќе бидат на висина на својот дел од одговорноста, особено кога станува збор за европската иднина на државата – рекол Заев.