Ние политичарите знаеме да лупаме некојпат, така глупости, ова е коментарот на премиерот Зоран Заев за вчерашната изјава на пратеникот на ДУИ, Артан Груби дека мирот е поважен од цената која треба да се плати за спроведување на Законот за јазиците.
Груби денеска дообјасни дека не се заканил туку дека одговорил на забелешката на Венецијанската комисија за цената на чинењето на имплементацијата на законот.