Премиерот Зоран Заев во Познањ, Полска, каде се одржува Самитот за Западен Балкан, се сретна со бугарскиот колега Бојко Борисов, со кого се пошегува за новото државно име.
– Како е во Скопје? – праша Борисов на почетокот на средбата, на што премиерот му одговори дека е „многу жешко“.
– Иако сме Северна, пак е 40 степени – рече Заев.
Видеото, каде може да се слушне овој разговор, на социјалните мрежи го објави Борисов.