Нема сигурни 80 пратеници кои ќе гласаат за уставните измени. Досега 76 луѓе потврдија дека ќе гласаат за уставните измени во нивната конечна форма – рече премиерот Зоран Заев, кој вечерва гостува на телевизија „24 вести“ во емисијата Отворено.
Тој додаде:
– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека гласаа за отварање на процесот за да дадат шанса, а потоа ќе одлучат дали ќе гласаат за уставните иземни. Тоа го кажаат транспарентно. Дали ќе имаме 80 гласови за уставните измени ќе знаеме на самиот ден на гласање, на деветти јануари, во моментот на гласањето – рече Заев.