Заев: Доказите се богови во судските постапки против мене и против Груевски

832

Македонското правосудство е на добар пат за да дели правда, рече ремиерот Зоран Заев во вечерашниот дуел со лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Во врска со судските пресуди за него во случајот „Поткуп“ и за Груевски во „Тенк“, Заев рече дека клучни во постапките се доказите.

-Верувам дека граѓаните на Македонија заслужуваат да добијат отворени судски постапки, а тоа ќе биде и најсериозниот симболичен дел на реформите во правосудството, затоа што во нашето правосудство богови во постапките се доказите. Постапката што се водеше против мене буквално беше отворена за граѓаните, ја следеа отворено. Така беше и против поранешниот премиер Груевски, против други случаи каде што јавноста сака да има посветеност и внимание. Јас верувам дека македонското правосудство е на добар пат да биде независно и да дели правда. Законот во Македонија да важи еднакво за сите – рече Заев.

Мицкоски реплицираше дека се во целосно нерамноправна положба со претседателот на Владата затоа што, како што посочи, трипати бил помилуван за криминал – еднаш од страна на поранешниот претседател на државата за случајот Глобал во Струмица, вториот пат од страна на СЈО за случајот Пуч. Посочи дека иако било ветувано не биле пуштени снимките за Поткуп пред новинарите и оти ако имало независно судство тој ќе бил осуден за поткуп.

– Независноста во судството е клучната реформа. Сега имаме позависно и позаробено судство од било кога во Македонија претходно. Имаме премиер на држава кој ги погодува пресудите, кој кажува дали ќе биде ослободен, рече Мицкоски.

Заев обвини дека опозицијата не смогна сили да се огради од настаните од 27 април.

– Се надевам дека вакви лузни на челото никогаш повеќе македонски политичар нема да има во Македонија. Никогаш да не се повторат. Се уште ги поддржувате ваквите политики, не смогнавте сили ниту еднаш да се оградите од ваквите политики. Не треба никој да има вакви лузни. Барем да се оградевте од таквите политики, од тоа насилство коешто се случи врз македонски политичари, а не треба да се случува ниту врз граѓани. Ова е црното петно на Македонија, рече Заев.

Според него, нема повреда на човекови права или права на пратеници при спроведување на постапката затоа што МВР постапува по судски налог согласно правилник којшто јасно пропишува како се постапува.

– Јас почитувам дека правобранителот има став, но повикувам да се отворат постапки. Ако некој се огрешил при спроведувањето треба да одговара за пример. ВМРО-ДПМНЕ имаат можност да отворат вакви постапки, секогаш може тоа да го направат. Ако има грешка во постапката тој што згрешил треба да си понесе одговорност- рече Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...