Премиерот Зоран Заев рече дека е спремен за избори кога и да се одржат.
-Изборите може да се одржат заедно со референдумот или заедно со претседателските избори. Резултатите од анкетите не намамуваат да одиме на избори – рече премиерот Зоран Заев.
Тој сепак додаде дека за доброто на економијата и на земјата е да се истера цел мандат пред да се оди на избори, но вели, доколку останатите партии не се согласуваат со тоа, ќе има предвремени парламентарни избори.