Премиерот Зоран Заев доби проближно 3 доверба од граѓаните, на скала каде пет е највисока оценка, покажуваат резултатите од анкетата која ја спровеле МЦМС и Телма.
Според резултатите од анкетата за првите 12 месеци во Владата, средната оценка за премиерот Заев е: 2.78.
Најниска оцена – единица, Заев добил од 26 отсто од испитаниците, 22.2 проценти го оцениле со тројка, додека 15.5 отсто со четворка. Петка добил од 15.2 отсто, додека 14.4 отсто му дале двојка.
Гледано по етничка припадност, најмногу единици Заев добил од Македонците, додека Албанците го оцениле со тројка.