Заев: Деновиве најмногу осум министерски смени, а над 20 директорски

2195

Не повеќе од осум министри ќе бидат сменети, верувам дека до крајот на неделата ќе можам да ги соопштам имињата на новите, но и на тие што се менуваат. Паралелно со новите министри и заменици следува и разрешување на над 20 директори на јавни институции и ќе се именуваат нови. Ова го изјави премиерот Зоран Заев по вечерашното заседавање на Централниот одбор на СДСМ во Охрид.

– Ќе има промени на раководни структури од нашата партија, но и од други, вклучително и од ДУИ – рече Заев.

Тој кажа и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...