Денес е историски ден, заедно напишавме историја. Со двотретинско мнозинство зачекоривме кон запасдните сојузи. Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО. Со оваа историска одлука нашиот пристап во НАТО ќе продолжи и догодина ќе почне процесот за ЕУ, порача вечерва премиерот Зоран Заев на прес конференција откако Собранието ја изгласа одлуката за пристапување кон уставните измени.
На прес конференцијата Зеев беше во друштво на министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците.
Тој најискрено му се заблагодари на секој пратеник што ги поддржал уставните промени, особено, како што рече, на храбирте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијат што се ставиле над партиските интереси и покрај притисокот на раководството.
– Граѓаните се горди на вакво Собрание. Бидете сигурни дека како премиер давам збор да ја гарантирам безбедноста. Ја изградивме државотворната коалиција. Заедно ќе ги усогласиме амандманите и заедно ќе работиме на национално обединување. Ќе се фокусираме и на реформите за право и правна држава – рече Заев.
Премиерот додаде дека ако има некои инсинуации, институциите да истражат, но за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ категорично кажа дека ќе ги ќе гони до крај.
Премиерот додаде дека сега ги очекува многу работа.