Заев денеска ќе се сретне со историчарите

100

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека во текот на денот ќе се сретне со историчарите, кои се членови на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за добрососедство со Бугарија.

Во изјава дадена претпладнево по неговото обраќање на Регионалната конференција за ефективна социјална заштита, Заев рече дека сѐ уште не се сретнал со нив, но оти во текот на денот ќе има средба.

– Во текот на денот веројатно ќе се сретнеме. Ќе имам средба заедно со претставници од Кабинетот на министерот Димитров и моите советници за надворешна политика, затоа што утре следува средба со Комисијата од бугарска страна – рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...