Заев: Денарот е стабилен

292

Неуспешниот референдум не значи девалвација на денарот, порача премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека како економист и како претседател на Владата ги следи трендовите во земјава.

– Стабилен е денарот, финансиската моќност на банките и на Народната банка се добри, а е силен перформансот и на економијата, финансискиот капацитет на државата е зајакнат, стабилен е и Буџетот, економијата расте, растат и странските инвестиции. Можеме само да го зајакнуваме денарот – рече Заев.

Прашање е, додаде, дали по успешниот референдум сето ова ќе биде уште поимпозантно и подобро и дали ќе има раст кој граѓаните практично ќе го почувствуваат.

– Како претседател на Влада на тоа се надевам и за тоа се борам и знам дека ќе успееме – потенцира Заев.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...