Заев: Да ја јакнеме Македонија како пример за соживот и почит

167

Премиерот Зоран Заев упати писмо со честитки по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Сулејман Реџепи, со порака и желби до сите верници од исламската вероисповед, празникот да ги исполни со топлина и радост нивните домови и души.

Во честитките по повод Рамазан Бајрам, премиерот посакува празникот и оваа година да биде повод за зацврстување на верата и надежта во подобра иднина и напредок, и да биде уште еден придонес за заедништво во семејствата, меѓу соседите, пријателите и меѓу сите луѓе со добра волја и мисла.

„Со искрената посветеност на Бога, сите заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови живее на овие простори. Да ја јакнеме Македонија како пример за соживот, почит и разбирање за луѓето од сите вери и нации, и да создаваме дела и вредности за следните генерации“, се вели во честитката од премиерот Заев до муслиманските верници во Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...