Заев: Да се обединиме за подобра иднина на нашите деца

140

На средбата со потпретесдателот Мајк Пенс бевме сериозно охрабрени за успех на претстоечкиот референдум. САД беа со нас во текот на целиот процес на изнаоѓање решение на спорот со името со Грција, кој се реши билатерално, но тие беа тука да охрабрат и да мотивираат, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за МИА по средбата со американскиот потпретседател Мајк Пенс.

– Од нашата независност досега САД имаат дадено преку 1,25 милијарди долари поддршка на Македонија во сите области. Поддршата доаѓаше и во одбраната и во образованието, правосудството и во други области. За одбраната, она што го очекуваме е поддршка преку зголемување на интероперабилноста на армијата со НАТО. Америка е најголемиот партнер во нашето ново партнерсто со Алијансата и верувам дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднидна, затоа што тоа го докажавме и кога не бевме членка на НАТО, но сега кога ќе станеме дел од Алијансата, поддршката ќе биде уште поголема – вели Заев.

Целото интервју може да го прочитатае ТУКА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...