Заев: Да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост

537

Премиерот Зоран Заев преку Фејсбук апелира за воздржаност од говор на омраза по убиуството на младиот Никола Саздовски.

– Омразата и насилството не ѝ прилегаат на Македонија и одат на директна штета на нашата иднина и на нашата младина. Апелирам сите да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост. Само така, ќе им дадеме можност на институциите да си ја завршат својата работа, за што се платени од граѓаните.

Правдата и толеранцијата во општеството се наши заеднички цели, да се вложиме целосно и одговорно за да ги достигнеме.

Изразувам сочувство до семејството на младиот Саздовски, нека почива во мир, напиша Заев на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...