Со театарски претстави нема да дозволам да се наруши дигнитетот на еден систем, реплицираше премиерот Зоран Заев на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, кој на собраниската седница за пратенички прашања го критикуваше правосудството и сите случувања околу СЈО и делењето на платите, бонусите и хонорарите.
Зарем сега, според Заев, треба да се тврди дека тоа што се слуша во „бомбите“ е монтирано, креирано и лепено.
– Да не испадне и дека „Космос“ се рушел законски? Да не испадне сега да ги направиме херои по тие луѓе? Не, секој треба да одговара таму каде што има докази. Поради тоа што оваа Влада одлуи да ги објави сите трансакции од Буџетот, да извлекувате заклучоци и да гонавреувате СЈО? Не смееме да дозволиме поединечната одговорност да се префрла на сите, ако еден не постапил како што треба, не може да се ставите законска одговорност за сите. Обвинителите во СЈО не дозволија да излезе ниеден разговор од предметите кои ги работеа и за тоа добиле надокнада Тоа што се трошело во СЈО било 70-80 отсто од тоа што законот го дозволил, ако нешто од тоа е трошено незаконски треба да се одговара без разлика дали е специјалниот јавен обвинител, обвинител во СЈО или истражител, но не вака со леснотија да унаказите цела институција – рече Заев.
Пратеникот Јовановски обвини и за тоа дека власта се меша во судството
– Менувате судии, вработувате судии, менувате претседатели на судови, правите мнозинство во Апелација, Уставен не смее ни да гукне – критикуваше пратеникот.
На ова, пак, премиерот одговори дека сваровски судството е сѐ уште заробено, а дека не се сменети ниту три отсто од судиите и обвинителите.
– Нема ни три отсто нови судии од вкупниот број на судии исто е и со обвинителите. Неколку поединци заедно ја рушат целата атмосфера и затоа треба да има прочистување. Во моментов антикорупциска ги проверува имотите на сите министри во владата и на нивните семејства, исто и на премиерот. Треба да го прави тоа, но треба да го направи тоа и на сите судии – порача Заев.