Лично им се јавив на некои граѓански организации да конкурираат и да мотивираат кадри за регулаторните тела, особено за Антикорупциската комисија која моментално не функционира, рече премиерот Зоран Заев.
Тој порача СДСМ да не си парви бајрам на умот дека ќе може да бидат дел од Антикорупциската комисија. Премиерот најави нов закон за спречување на корупцијата со кој политичар не ќе може да биде член на Антикорупциската комисија, туку само непартиски лица, експерти и од граѓанските организации.
-Мотивирајте ги да се конкурира на регулаторните места. Тие места се за граѓанскиот активизам. И тука ќе има сериозна алатка како да се избориме против корпупцијата. Кај мене во СДСМ да не си прават бајрам на мозокот, таму нема место. Да не се лажеме не може СДСМ да го контролира СДСМ. Дури сум се јавувал по некои граѓански организации. Следуваат конкурси. Внимавајте. Моделирајте луѓе за тие места, нека се кандидираат, бидејќи само тоа е исправно – рече Заев.