За мене тоа што се случи во Брисел е внатрешно прашање на Франција. Ние не треба да ги губиме пријателите, Франција ни е пријател, рече премиерот Зоран Заев прашан како го доживеал ставот на францускиот претседател Емануел Макрон.
– Верувам дека Франција ќе го надмине тоа прашање. Во Брисел на последните состаноци буквално ги молев европските лидери да не ги гаснат европските сијалички. Сега останува дома толку силно да го блеснеме нашето знаме, нашето сонце за да ја увериме ЕУ дека сме подготвени – изјави Заев.