Разговаравме за многу сиштиниски прашања. За тоа пред што е исправена нашата земја, рече премиерот Зоран Заев по четиричасовната лидерска средба со лидерите Христијан Мицкоски, Али Ахмети и Билал Касами.
– Продолжуваат разговорите со опозицијата во недела навечер или понеделник наутро. Тоа што сакам да го кажам и да го потсетам е дека стратешки цели се ЕУ и НАТО. Компромиси нема за стратешките цели. Амнестија директна или индиректна нема. Ќе дадеме шанса на дијалогот и разговорот – рече Заев.
Тој потенцира дека Изборниот законик продолжува во парламентот и оти очекува лидерите да постигнеме договор.
– Кога ќе завршат лидерските средби ќе соопштам се што треба да соопштам.
Се двоумев дали во моето обраќање да кажам што и до кај е договорено или не, но заклучив дека можеби ќе направам грешка за прашањата за кои сме многу блиску за да не наштетиме. Има прашања кои лесно се договараат. Процесот е во броени денови зошто сакаме да спроведеме референдум, а потоа да следуваат уставни измени и ма почетокот на идната година и во Грција во парламентот да помине ратификацијата – рече Заев.