Ако имате некој телефон од господинот Ел Чака, дајте ми за да му се јавам „чекај бе, пријател, зошто ти само за господинот Ахмети објавуваш, а не и за мене?“, рече премиерот Зоран Заев прашан за коментар на вчерашното прашање на Али Ахмети зошто приватни разговори се објавуваат само за ДУИ, а не и за другите партии.
– Еве јавно нека објави и за мене. За секој што мисли дека треба да објавува. Треба да знае дека има одговорност за тоа. Постои закон и кривично се одговара за тоа. Приватноста е заштитена и апсолутно и кога не била заштитена, јас сум водел грижа и други воделе грижа. Овој човек не води грижа за тоа и треба да одговара. И ќе одговара! Светот е глобално село и кога тогаш ќе одговара. Дали треба да го мотивирам и за мене да објави? Ќе одговара кога тогаш, ако има нека објави сега оти ова директно од премиерот му е: ќе одговара! – рече Заев.