Заев – Данкан: Секоја поединечна одлука за бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата

276

Секоја поединечна одлука за бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата и на демократијата, констатирале на средбата премиерот Зоран Заев и Ален Данкан, британски државен министер за Европа и Америка.

Британскиот министер Данкан го поддржа процесот на интеграции на Македонија и охрабри земјава да ги оствари стратешките цели, што е важно за Mакедонија, но и за целиот регион. Секоја поединечна одлука за бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата и на демократијата, констатирано е заеднички на средбата, соопшти Владата.

-Огромно мнозинство граѓани се за членство на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, затоа што тоа ќе донесе стабилност и безбедност во државата и европски животен стандард. Јас сум уверен дека тоа ќе се преслика на претстојното гласање за референдумот. Очекувам сите политички субјекти во државата и поединци да најдат сила и дека ќе се издигнат над политичките интереси и ќе одговорат на обврската да се изјаснат на референдумот, во овој историски момент за иднината на државата – рече премиерот Заев.

На состанокот се разговарало и за други актуелни политички и безбедносни прашања на домашен и регионален план. Заедничка оценка е дека евро-атлантските интеграции на Македонија се придонес во регионалната стабилност и безбедност и економските перспективи за сите граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...