Заев: Грците на ѓон го одбија предлогот „Илинденска Македонија“

972

Координаторот на пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, на собраниската седница за уставни измени ја повика власта да одговори зошто пропадна предлогот за Илинденска Македонија.

Премиерот Зоран Заев одговарајќи посочи дека за тој предлог бил запознаен и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а претседателот Ѓорге Иванов дал позитивно мислење за тоа, но од другата страна на ѓон го одбиле прелогот за „Илинденска Македонија“.

Инаку, Заев за истото зборуваше и во интервју за еден грчки медиум викендов, каде рече дека за овој предлог имало позитивни ставови од двете страни, но одредени политички кругови во Грција не се согласиле со него.

Пратениците во моментов заминаа на редовната пауза за ручек, а претходно од собраниската говорница зборуваа неколку пратеници од вкупно 66-те пријавени.

Пратеникот Илија Николовски од партијата на обединети пензионери рече дека во НАТО и во ЕУ не влегуваат ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ, туку земјата, порачувајќи ѝ на опозицијата дека ако го блокира процесот ќе ја блокира Македонија, а не Заев.

Тој рече дека не сака ни да помисли што може да се случи ако се завори вратата на евроатланското семејството.

Николовски повика да се заборават навредте и да се препознае историскиот момент за да не ја испушти државата оваа историска шанса.  На колеги од опозицијата им порача да му дадат предност на државниот интерес и да ги поддржат уставните измени со кои се отвора шанса за подобар живот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...