Заев: Граѓаните со резерва да ги земаат лажните вести за коронавирусот

176
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку својот Фејсбук профил апелира граѓаните со резерва да ги земаат непроверените вести кои се пласираат за коронавирусот.

„Граѓаните, целокупната јавност со резерва да ги земаат лажните, непроверени и сензационалистички вести што одредени медиуми, а пред сѐ интернет портали, ги пласираат за вирусот Ковид-19. Сега, кога институциите прават сѐ за да се справат со вирусот, неодговорно е да се пласираат лажни вести и дезинформации кои предизвикуваат паника меѓу граѓаните“, пишува Заев.

Тој апелира јавноста да се насочи кон вистински и кредибилни извори на информирање, првенствено кон информациите што ги соопштуваат Министерството за здравство и министерот Венко Филипче.

„Превенцијата е најдобра заштита од вируси и затоа важно е секој да ги следи препораките од медицинските лица“, порачува Заев.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...