За време на посетата во Липково, одговарајќи на прашање дали побарал оставка од градоначалникот на Демир Хисар за видеото кое излезе во јавноста, Зоран Заев одговори дека МВР спроведува истрага и дека градоначалникот бил на трибината во првиот ред.
– Не беше во делот на тие што имаа обраќање, мислам дека така е чесно додека трае истрагата на МВР, тој беше повикан на разговор, кој е направен, понатаму се истражува, но она што можам да го гарантирам на граѓаните на Р.Македонија е никогаш повеќе нелегално прислушување во Македонија – изјави Заев.
Тој верува дека кои и да биле причините за кои што, градоначалникот зборувал пред колеги, наставници во училиштето било негов личен порив.
– Секако јас ќе останам да ги дочекам истрагите од МВР кои што ги прават – изјави премиерот Заев.