Во СДСМ нема место за злоупотреби. Оние коишто не ги почитуваат вредностите и постапуваат спротивно од начелата на партијата нема дилеми, не може да бидат носители на функции, порачаа од владејачката партија.
Како што информираат, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, согласно статутарните одредби на партијата го разреши Боро Стојчев од функција претседател на општинската организација на СДСМ од Ново Село.
На негово место, за именуван е Игор Пертемов.
Стојчев, за потсетување, беше фатен во полициска акција за шверц на цигари.