Псевдонимот под кој се водел Зоран Заев при нелегалното прислушување бил „Зо За”, откри во текот на денешното сведочење во Кривичниот суд Зоран Костовски во случајот Таргет-Тврдина додека тој појаснуваше како изгледа лог за одреден таргет во еден од фајловите на хард-диск на кој се наоѓаат материјали од нелегалното прислушување.
Презентацијата на доказот во текот на сведочењето го бараа обвинителите од СЈО со цел да стане појасно и да се визуелизира дел од тоа што го сведочеше Костовски.
Одбраната на обвинетите приговараше на барањето на СЈО сега да се презентира доказ потенцирајќи дека сведокот треба да сведочи по сеќавање, а не да чита.
Исто така, приговараше и бидејќи овој хард диск бил дел од доказите против Костовски во случајот „Пуч“ каде тој беше обвинет.
Костовски е еден од свиркачите од МВР кои ги изнесоа бомбите и го открија прислушувањето.