На прес-конференција на која вицепремиерот Кочо Анѓушев пренесе како германските искуства ќе се користат во економскиот развој на нашата држава, наместо „Република Северна Македонија“ рече „Република Македонија“.
Премиерот Зоран Заев го поправи вицепремиерот Анѓушев, потсетувајќи го дека името на државата е „Република Северна Македонија“, а потоа се изнасмеа.