Заев: Ги стопиравме забеганите криминални проекти и има повеќе пари за спорт

196

Изборот за распределба на средствата, наменети за спорт е целосно транспарентен кон сите федерации и спортисти, порача премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.

– Од процес задоволство изразуваат и федерациите и спортистите, до мене досега не стигнале забелешки. Благодарение на тоа што престанаа забеганите криминални проекти има и повеќе пари. Спортовите добиваат суштинска поддршка, оти претходно се градеа теренски игралишта, кои служеа за паша на кравите и овците во Македонија, наместо на нив да се игра. Во суштина во Македонија немаше спорт во оние сегтменти за кои се градеа спортски објекти – рече Заев.

Пратеникот Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ побара одговор од премиерот за тоа како се трошат парите со кои располага Агенцијата за млади и спорт, како и да каже дали Дарко Каевски ќе остане на директорската функција и по скандалот со збирката песни од проектот Млади поети, кој во себе содрежеше песни, што беа оценети како сексисистички и шовинистички, но и поради, како што рече несоодветното трошење државни пари од негова страна.

Заев нагласи дека Кавески работи чесно и оти не зел денари од Агенцијата, кој би требало да го враќа.

– Ние не се скривме во некоја глувчешка дупка, туку јавно го коментиравме тоа што беше сторено со збирката, го осудивме и тоа со кое не се согласувавме. Добро е што се подрржуват млади писатели и поети и добро е што е формирана комисија и ако таа комисија имала обрвска да ги чита песните пред нивното издавање, а не си ја завршила работат треба да одговара – рече Заев.

Тој додаде дека ова не е причина да одговара директорот на Агенцијата, затоа што е одличен кадар.

– Тој е вистински спортски работник, кој ги познава сите федерации и се познава со голем број од спортистите. Одлично си ја извршува работата. Затоа смета дека Дарко Каевски треба да остане на таа функција и сметам дека нема украдено ниту еден денар од таму за да има обврска да ги врати украдените пари – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...